Најголемиот производител и извозник на кондиторски производи во земјава, "Свислион Скопје", отвора нов погон и воведува нова производна линија за чоколадно дражирање на екструдирани јадра. Новата линија е целосно енергетски ефикасна и ги задоволува сите светски стандарди за производство на ваков тип производи. Се планира на годишно ниво производниот капацитет да се удвои, а производите ќе бидат пласирани на македонскиот и регионалниот пазар. "Свислион" ги следи светските примери во прехранбената индустрија, коишто говорат дека и во кризни години на глобално ниво треба да се инвестира и осовременува производниот процес. Инвестицијата е во висина од 500.000 евра. "Свислион" во Македонија моментално вработува 650 луѓе кои работат на 14 производни линии во Скопје и Ресен.
Најголемиот производител и извозник на кондиторски производи во земјава, "Свислион Скопје", отвора нов погон и воведува нова производна линија за чоколадно дражирање на екструдирани јадра.
Новата линија е целосно енергетски ефикасна и ги задоволува сите светски стандарди за производство на ваков тип производи. Се планира на годишно ниво производниот капацитет да се удвои, а производите ќе бидат пласирани на македонскиот и регионалниот пазар.
- "Свислион" ги следи светските примери во прехранбената индустрија, коишто говорат дека и во кризни години на глобално ниво треба да се инвестира и осовременува производниот процес - потенцира Фросина Мешкова, генерален извршен директор на "Свислион Скопје".
Инвестицијата е во висина од 500.000 евра. "Свислион" во Македонија моментално вработува 650 луѓе кои работат на 14 производни линии во Скопје и Ресен. Под трговската марка СЛ", на годишно ниво се произведуваат повеќе од 100.000 тони готови производи во сите фабрики на "Свислион" на Балканот, и тоа по највисоки стандарди за безбедна храна ИСО 22000:2005, ХАССП, Кошер, Халал, ФССЦ 22000:2010.